Background

СТАПКАТА НА СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ИЗНЕСУВА 21,9%

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромаштија во 2024 година во Македонија изнесувала 21,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Кај вработените лица стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, кај пензионерите 12 отсто, а најизразена е кај децата и младите до 17 години, кадешто ризикот од сиромаштија достигнува високи 29,5 проценти. Особено загрижувачки се податоците за самохраните родители, кај кои стапката на сиромаштија достигнува 45,8 проценти.

- Advertisement -
Ad image

Кај возрасната популација од 18 до 64 години и кај лицата на возраст од 65 години и повеќе, стапките се пониски, но родовите разлики и понатаму се присутни. Жените се посилно погодени, особено кај повозрасната категорија, каде што стапката на сиромаштија изнесува 20,7 проценти, наспроти 19,5 проценти кај мажите.

Ризикот од сиромаштија значително варира во зависност од структурата на домаќинствата. Најранливи се самечките домаќинства и оние со издржувани деца. Особено загрижувачки се податоците за самохраните родители, кај кои стапката на сиромаштија достигнува 45,8 проценти, како и за домаќинствата составени од двајца возрасни и три или повеќе деца, каде што повеќе од половина од членовите живеат под прагот на сиромаштија (54,8 проценти).

Анализата по типови домаќинства покажува дека стапката на сиромаштија кај семејствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца изнесува 17,1 процент. Овој податок укажува дека ни домаќинствата со работоспособни членови не се целосно заштитени од ризикот од сиромаштија. За оваа категорија, прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра, што значи дека домаќинството месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно.

Податоците според економскиот статус откриваат значајни разлики. Кај вработените лица, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што укажува на присуство на феноменот на т.н. „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај тоа што имаат работа, остваруваат приходи под прагот на сиромаштија.

Кај пензионерите, стапката на сиромаштија е повисока и изнесува 12 проценти, што ја нагласува ранливоста на дел од оваа популација, особено во услови на зголемени трошоци за живот.

Паралелно со тоа, нееднаквоста во распределбата на приходите, мерена преку Џини коефициентот, во 2024 година изнесува 29,1 процент. Овој индикатор ја отсликува разликата меѓу приходите на населението и претставува еден од клучните показатели за социјалната кохезија во општеството.

Податоците се пресметани врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува согласно методологијата и препораките на Европската Унија. Основата за мерење на сиромаштијата се приходите на домаќинствата, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation