Топ Вести - Слушај сега
Тинејџер од Русија се обидел да ја лекува својата анемија пиејќи сопствена крв, откако таков совет прочитал на социјалната мрежа Тик-ток, по што завршил во болница со влошено здравје, објавија руски медиуми.
Момчето на 17-годишна возраст подолго време имало недостиг на железо и хемоглобин во крвта, па читало здравствени совети на социјалните мрежи. Во еден таков пост се советувало дека пиењето сопствена крв може да го подобри нивото на железо во крвта. Момчето тоа го направило, но набргу се појавиле симптоми, повраќање, треска и болки во желудникот. Неговите родители викнале брза помош, по што тинејџерот бил хоспитализиран. Откако му била констатирана дијагноза на акутно труење, бил пренесен на интензивна нега. Лекарите успеале да го стабилизираат, а откако им кажал зошто пиел крв, го испратиле и на психијатриско советување.
Лекари објаснуваат дека пиењето крв е опасно и воопшто не може да влијае на подобрување на крвната слика. Желудникот не ја апсорбира крвта бидејќи содржи многу железо, што создава иритација и повраќање.
– Кога нивото на железо и хемоглобин се ниски, се јавува клиничка анемија. Придружена е со чувство на слабост, замор и блед изглед на кожата. Ако ги имате овие симптоми, веднаш одете на лекар кој ќе ви ја провери крвта и ќе го открие коренот на проблемот. Анемијата никако не може да се лекува со пиење крв, туку со терапија исклучиво препишана од лекар. На лицата со анемија им се препорачува да направат промени во исхраната, односно да внесуваат повеќе храна богата со железо – вели еден лекар за порталот Москва 24.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖