Деца на бројни американски политичари, конгресмени и сенатори, се подготвуваат да ги продолжат своите семејни политички династии со кандидатури на изборите во 2026 година. Иако овој феномен не е нов, актуелниот изборен циклус се издвојува по големиот број потомци и блиски роднини на сегашни и поранешни функционери кои влегуваат во изборната трка.
Во трката за гувернер на сојузната држава Мејн се издвојуваат тројца кандидати со силна политичка позадина: Ангус Кинг Трети, син на независниот сенатор Ангус Кинг, демократката Хана Пингри, ќерка на конгресменката Чели Пингри, како и републиканецот Џонатан Буш, братучед на двајца поранешни американски претседатели од семејството Буш, објави „NBC“.
Во Њу Хемпшир, Стефани Шахин, ќерка на демократската сенаторка Џин Шахин, се кандидира за слободно место во Претставничкиот дом.
Сличен тренд се забележува и во Калифорнија, каде Кристин Пелоси, ќерка на поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, влегува во трката за државниот Сенат. Во Џорџија, пак, Џим Кингстон, син на поранешниот републикански конгресмен Џек Кингстон, се кандидира за конгресното место кое претходно го држеше неговиот татко.
Феноменот на семејни врски во американската политика оди и подалеку од односите родител–дете. Во Тексас, републиканскиот конгресмен Трој Нелс јавно го поддржа својот брат близнак Тревор во претседателската трка.
Политичките аналитичари оценуваат дека препознатливото презиме може да помогне при собирање донации и медиумска видливост, но истовремено може да претставува и товар во време на засилени антиестаблишмент расположенија и обвинувања за непотизам.
Во прилог на тоа, анкета на „NBC“ спроведена во ноември покажува дека 57 отсто од гласачите изјавиле оти би гласале за отстранување на сите членови на Конгресот доколку имаат таква можност.
Tagged as:
Деца на американски политичари ги почнуваат изборите во 2026 година
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖