Background

Родителите на настраданите во кочанската дискотека не ги прифаќаат заклучоците од обдукцијата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова и претседател на Здружението на граѓани „16 март“, пред денешното рочиште рече дека обдукциските наоди на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не се целосни, затоа што не се извршени испитувања за цијанид во крвта.

- Advertisement -
Ad image

– Цијанид анализи нема, сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциските наоди отварат сериозни прашања за вистинската причина за смртта на нашите најмили. Иако во одговорот во ЈО се наведува дека вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР ја потврдиле веројатноста дека испуштањето на цијанидните гасови како последица на согорување на материјалите во клубот, клучното прашање останува недоговорено. Дали при обдукциите е направена конкретна токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на нашите починати деца? Како причина за смрт во обдукциските наоди е наведено задушување со јаглерод мониксид, меѓутоа, во самиот обдукциски наод јасно се наведува дека од телата се земени крв и урина за одредување на ниво на јагерод моноксид, како и за токсиколошка анализа, при што изрично стои дека останатите резултати од анализите ќе бидат дополнително доставени. До денеска овие дополнителни резултати не се доставени до семејствата, ниту се содржави во конечните обдукциски наоди. Ова отвара сериозен сомнеж дека заклучокот за причина на смртта е донесен без комплетна и насочена токсиколошка анализа, особено ако се има предвид дека водородниот цијанид не се детектира рутински и бара специфично испитување. Брзо се метаболизира и ако не се бара веднаш, се губи вредноста. Може да предизвика смрт и без високи вредности.

Кај поголемиот дел од починатите вредноста на јаглерод моноксид биле ниски и нефатални што е медицински несоодветно за заклучок – смрт од јаглерод моноксид. Фактот што државните институции потврдуваат можност за присуство на цијанидни гасови, а достапен доказ дека овие гасови биле анализрини во телата на жртвите, тоа е сериозен медицински и правен јаз. Судир меѓу институционални наоди. Се додека не се објават сите токсиколошки анализи не може да се утврди со сигурност причината за смрт. Обдукцискиот наод е нецелосен, постои можност за дополнително и независно вештачење – рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова и претседател на Здружението на граѓани „16 март“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation