Само неколку дена пред Божиќ, холивудската ѕвезда Кевин Костнер се соочи со нова непријатност поврзана со неговиот амбициозен филмски проект „Horizon: An American Saga: Chapter 2“.
Компанијата Western Costume Leasing Company поднела тужба против актерот и продуцентскиот тим, обвинувајќи ги за кршење на договор и за неплатена наемнина за изнајмување костими, пренесуваат американските медиуми. Во судскиот документ се наведува дека обвинетите акумулирале долг од 134.256,82 долари за неплатена наемнина, иако немале забелешки за приемот или квалитетот на облеката.



