Background

Пејачката донираше милион долари за организацијата „Да се нахрани Америка“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Музичката ѕвезда Тејлор Свифт донирала милион долари за организацијата „Да се нахрани Америка“ само неколку дена пред Божиќ. Станува збор за непрофитна организација која ја надгледува националната мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана.

- Advertisement -
Ad image

Извршната директорка на организацијата Клер Бабино-Фонтенот изјавила дека организацијата е исклучително благодарна за оваа донација.

– Оваа празнична сезона, континуираната поддршка на Свифт е моќен потсетник за тоа што е можно кога се обединуваме за да ѝ ставиме крај на гладта. Кога ќе се здружиме со луѓето што се соочуваат со глад, можеме да обезбедиме семејствата да имаат полна трпеза за празниците и пошироко – напиша абино-Фонтенот на Инстаграм.

Овој гест на Свифт доаѓа во време кога многумина во САД се борат со недостиг на храна. Според неодамнешното истражување на Универзитетот Пердју, приближно 14 отсто од американските домаќинства пријавиле несигурност во снабдувањето со храна помеѓу јануари и октомври 2025 година.

Бабино-Фонтенот минатиот месец изјавила дека „Да ја нахраниме Америка“ бележи поголема побарувачка отколку што може да подмири.

– За жал, редовите се подолги од достапната храна – рекла таа.

Свифт која е веќе позната по својата дарежливост, донираше 100.000 долари на семејството на локален радио водител кој беше убиен во пукотница на победничката парада на Канзас Сити Чифс во февруари 2024 година. Таа, исто така, донираше милион долари за да им помогне на жртвите од разорните торнада во Тенеси во 2023 година.

Пејачката која оваа година стана милијардерка е позната и по тоа што им даде дарежливи бонуси на десетици членови на нејзиниот тим кои учествуваа во нејзината рекордна турнеја „Ерас“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation