Топ Вести - Слушај сега
Процентот на отчитување на броилата е зголемен на 95 отсто на тримесечно ниво, односно на 90 отсто на месечно ниво, а дополнително се таргетирани 10.000 потрошувачи кои во изминатите две години поднеле приговори или поплаки поврзани со фактурирањето, со кои е започната етапна телефонска комуникација.
Ова се дел од активните мерки што, по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), ги презеде операторот на електро-дистрибутивниот систем „Електродистрибуција ДООЕЛ“ Скопје.
Во пресрет на зимските месеци, по иницијатива на РКЕ беше одржан координативен состанок со раководството на „Електродистрибуција“, на кој беа презентирани мерките насочени кон подобрување на услугата и воспоставување поефикасна двонасочна комуникација со потрошувачите, со цел јакнење на довербата, транспарентноста и отчетноста.
Како што соопштија од РКЕ, регулаторите посочиле дека од клучно значење е редовното отчитување на броилата да продолжи и во првите недели од јануари. Од „Електродистрибуција“ информирале дека, земајќи ги предвид искуствата од претходните години и зголемениот број поплаки за време на празниците, се организирани вонредни екипи кои ќе работат и за време на празници и викенди.
Целта, како што посочуваат од компанијата, е потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не со прогнозирана потрошувачка.
Дополнително, од 1 декември годинава, „Електродистрибуција ДООЕЛ“ ги прошири дигиталните услуги за потрошувачите, со воведување на нова услуга за онлајн корекција на фактури. Воедно, вработените се мобилизирани да им помагаат на граѓаните при креирање кориснички профили и користење на дигиталните алатки.
На располагање остануваат и претходно воведените услуги, како „Пријави состојба“, „Е-фактура“, како и јасната ознака на фактурите со „О“ – отчитана состојба или „М“ – проценета состојба, со што потрошувачите имаат целосна информација дали сметката е базирана на реална или проценета потрошувачка.
Од РКЕ и „Електродистрибуција“ упатија апел до граѓаните и во текот на зимскиот период да продолжат со одговорно и рационално користење на електричната енергија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
