Топ Вести - Слушај сега
Случајот со доскорешнот британски принц Ендру не престанува да се обновува, пишуваат британските медиуми. Новите документи од досиејата на Епштајн повторно го ставаат во фокус.
Една од жртвите на сексуалниот престапник Џефри Епштајн, Лиза Филипс, првпат јавно раскажала за моментот кога го запознала доскорешниот британски принц Ендру на приватен остров.
Истовремено, откриена е преписка меѓу Ендру и Жилејн Максвел, клучната жена која ги врбувала жртвите во злосторничкиот круг на Епштајн.
Филипс во интервју за Скај Њуз се присетила дека средбата се случила во 2000 година, кога работела како модел на остров во близина на Свети Тома. Епштајн, кој ја поканил на вечера, наводно ѝ поставувал прашања за нејзиниот живот и амбиции.
– Ме праша дали сакам да се сретнам со принцот, и јас реков да – изјавила Филипс.
Неколку минути подоцна, човек пристапил кон нив, размениле неколку зборови и си заминал. Дури години подоцна, вели, сфатила дека тоа бил токму Ендру Маунтбатен-Виндзор.
Филипс признала дека последиците од врската со Епштајн ѝ го промениле животот. Додала дека таа и другите преживеани продолжуваат со своите истраги и нема да се откажат додека не се дознае целата вистина.
– Не се чувствува добро кога знаеш дека дел од минатото ти било дел од поголема мрежа – рекла таа.
Во новие објавени досиеја на американското министерво за правда има и преписка меѓу некој потпишан како „А“ и Жилејн Максвел, клучната жена која ги врбувала жртвите во рингот на Епштајн. Останува непотврдено и нејасно дали „А“ значи „Ендру“.
Јазикот во пораките звучи американски, но делови од нив се совпаѓаат со биографијата на Ендру.
Во пораката, лицето „А“ ја прашува: „Дали ми најде нови несоодветни пријатели?“
Максвел одговара: „Успеав да најдам само соодветни пријатели. Ќе ве известам за некои црковни состаноци на тие датуми.“
Таа разговорот го завршува со зборот „бакнежи“.
Филипс, жртвата која раскажа за нејзината средба со Ендру на островот го коментира случајот со е-поштата од Максвел:
– Тоа е многу вознемирувачка е-пошта. Верувам дека затоа е и во затвор – изјавила Филипс, алудирајќи на казната на Максвел од 20 години затвор.
Контекстот на пораката останува нејасен, а нема правни индикации за нови дела. Претставниците на принцот ја негираат поврзаноста со какви било кривични активности.

Во досиејата има преписки и организациски детали од 2001 година, истата година кога Вирџинија Џуфре тврдеше дека била принудена на сексуален однос со принцот во Лондон, тврдење кое Ендру категорично го отфрлил.
Американското Министерство за правда во 2020 година дури побарало да го испраша преку британските власти, но исказот никогаш не се одржал.
Фотографија од Ендру и Максвел, објавена со досиејата, само ја разгорува јавната дебата за тоа колку длабоки биле нивните врски со покојниот финансиер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
