Background

Националната гарда не може да се распоредува во Чикаго

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Врховниот суд на САД денеска му стави на претседателот Доналд Трамп нова пречка во неговите планови за распоредување на Националната гарда во Чикаго.

- Advertisement -
Ad image

Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател за суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната гарда во државата Илиноис, јави ДПА.

Националната гарда е воена резервна сила која е дел од вооружените сили на САД. Секоја држава има своја Национална гарда, која е под контролна од државната влада. Меѓутоа, во одредени околности, американскиот претседател може да ја преземе командата.

Трамп во последните неколку месеци нареди распоредување на Националната гарда во неколку поголеми градови, честопати спротивно на желбите на локалните и државните власти.

Првото такво распоредување се случи во Лос Анџелес, каде што избувнаа протести поради рациите на агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) насочени кон мигрантите. Војници на Националната гарда се распоредени и во главниот град на САД, Вашингтон.

Чикаго постојано се наведува од Трамп како друга потенцијална локација за распоредување поради протестите против рациите на ICE. Во октомври, тој повика стотици членови на Националната гарда во регионот на активна должност, а дополнителни војници беа испратени во Илиноис од Тексас.

Градот предводен од демократите во американскиот Среден Запад стана фокусна точка на отпорот кон пристапот на Трамп. Раководството на Чикаго и владата на државата Илиноис покренаа правна постапка, што го натера федералниот суд во Чикаго да го запре распоредувањето.

Владата на САД поднесе жалба на пресудата, но Апелациски суд, исто така, одби да дозволи распоредување на трупи. Потоа Трамп се обрати до Врховниот суд, што сега, исто така, одби да се интервенира во државата Илиноис, пренесе ДПА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation