Топ Вести - Слушај сега
Грчките земјоделци привремено, поради Божиќ, ги отворија сите блокади низ земјата, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено. Сепак, тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на повеќе локации во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјоделците, кои протестите ги започнаа на 30 ноември, одлучија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, при што, во координација со полицијата, делумно ги повлекоа тракторите од патиштата.
Паралелно, како што вчера објави МИА, до петок нема да бидат блокирани ниту граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја.
Иако автопатиштата се отворени, грчките земјоделци порачуваат дека не се откажуваат од своите барања и дека Божиќ ќе го поминат на блокадите, на местата каде што се паркирани нивните трактори. Се очекува во петок да одржат нови состаноци на кои ќе ги одредат следните чекори од протестот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖