Background

Петрушевски: Јавното обвинителство не ја исполни својата функција во изминатиот период и довербата на граѓаните е на ниско ниво

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Јавното обвинителство не ја исполни својата функција во изминатиот период и довербата на граѓаните е на ниско ниво, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

- Advertisement -
Ad image

Оставката на државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесена непосредно пред закажаната собраниска седниза за неговото разрешување е избегнување јавна дебата и соочување со аргументите, додаде Петрушевски.

– Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка. Не сите се од тој калибар, меѓутоа оние кои што го држат стегнато Јавното обвинителство се оние кои придонесуваат за таа ниска доверба и ги чуваат во фиоки предметите за високи функционери на СДСМ и на ДУИ. Свесен дека аргументите се на наша страна, свесен дека на јавна сцена ќе биде обелоденето сè она коешто, за жал, не го работел. Јавниот обвинител пред самата седница си поднесе оставка, иако за тоа имаше можност месеци наназад да го направи, а самиот чин што го направи пред седницата покажува дека сме биле во право и дека избега од една јавна дебата на која што ќе ги соочевме сите аргументи – рече Петрушевски во гостување на телевизијата Њузмакс Балканс.

Петрушевски изрази очекување дека следниот јавен обвинител ќе биде компетентна и непристрасна личност, способна да се справи со предизвиците што ја носат таа функција и да ја испорача правдата што ја бараат граѓаните.

Тој посочи дека со измените на Кривичниот законик како и со обезбедување на финансиски средства за судската и обвинителската власт, Јавното обвинителство ќе функционира ефикасно и сите кои се огрешиле пред законот ќе бидат санкционирани.

– Ако дојде еден способен квалитетен јавен обвинител којшто ќе ја менаџира работата непристрасно, преку словото на правото, сите оние коишто се огрешиле пред законот ќе си ја добијат заслужената казна. Со сите законски измени кои ги правиме, со финансиите кои ги обезбедуваме и со кадровската реструктурираност која треба да се случи во ЈО мислам дека сработувањето на овие предмети не е недостижно – рече Петрушевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation