Background

ШВЕДСКА ЗАБРАНУВА БРАКОВИ МЕЃУ РОДНИНИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Шведската влада поднесе законски предлог со кој ќе се забранат браковите меѓу роднини, вклучително и оние од трет степен. Тоа ги вклучува браќа и сестри од тетки или чичковци, како и други блиски членови на семејството, објави официјалната веб-страница на шведската влада.

- Advertisement -
Ad image

Според новиот предлог, браковите од овие категории, кои се склучени во странство, нема да бидат признати во Шведска. Целта е јасна: да се намали ризикот од притисок и принуда при склучување бракови, особено во семејства каде „честа“ е централна.

Досега, браќа и сестри од тетки или чичковци можеле законски да стапат во брак. Но, според новиот закон, ваквите бракови повеќе нема да бидат дозволени или признати од 1 јули 2026 година.

– Семејната чест и притисокот немаат место во нашето општество. Нулта толеранција мора да се одрази и во законите. Заштитата за жените и девојчињата кои живеат во средини каде честа е централна, мора да биде посилна, како во кривичното, така и во граѓанското право. Забраната за бракови меѓу роднини од трет степен е важен чекор кон обезбедување на правото на секој да одлучува за својот живот – истакна министерот за правда, Гунар Штромер.

Владата посочува дека браковите меѓу роднини од трет степен се особено опасни за девојчињата и жените. Обичаите поврзани со овие бракови можат да доведат до социјална изолација и да го одржуваат влијанието на семејни структури и криминални мрежи базирани на роднински врски.

Браковите меѓу роднини од трет степен и други блиски членови на семејството ќе бидат забранети. Ова вклучува полубраќа и сестри, како и посвоени браќа и сестри.

Исто така, браковите склучени во странство меѓу роднини од трето колено и други блиски роднини нема да бидат признати во Шведска.

Законот има за цел да обезбеди дека секое лице има право само да одлучува за својот живот, без притисок од семејството или традиционалните обичаи. Експертите посочуваат дека оваа промена е од клучно значење за борба против принудни бракови и заштита на женските права, особено во заедници каде што честа е доминантен фактор.

Новиот закон стапува на сила на 1 јули 2026 година и ќе се смета за еден од најзначајните чекори во заштитата на индивидуалните права во Шведска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation