Background

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за 3,84% во четвртиот блок, а евтината тарифа ќе се покачи за 2,5%

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за 3,84% во четвртиот блок, а евтината тарифа ќе се покачи за 2,5%, соопшти на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека регулаторите драстично ги намалиле процентите на зголемување на цената на струјата од она што го барала ЕВН хоум.

– Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН хоум го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45%. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87%, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54%. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32% иако беше предложено да има зголемување од 9,63% и во четврт блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86% – соопшти Бислимовски.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се коригира за 2,50%.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 %о од домаќинствата ќе биде за 2,28%о или за 57-70 денари на просечната сметка.

– За 63,86 отсто од домаќинствата или 517.400 кои имаат потрошувачка само во прв блок и во евтина тарифа зголемувањето на месечната сметка е 2,28%. За 20,97% или 169. 900 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок зголемувањето на месечната сметка е 2,59%. За 1,73 отсто или 14.000 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79% и за 0,55% или 4.400 домаќинства зголемувањето на месечната сметка е 3,22% – појасни Бислимовски.

И покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96%, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

– Ако се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која сега е 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари, односно ќе се зголеми за 28%. Како резултат на тоа, ако се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46%, вториот блок за 7,19%, третиот за 5,77%, четвртиот за 2,69 и евтината тарифа за 13,51%. Со оглед на овие податоци, РКЕ цврсто останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема потреба да биде укинат – објасни Бислимовски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation