Background

Грчките трактори ќе пaркираат по страна до новиот протест

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со над 300 трактори беше поставен на 1 декември, а сообраќајот секојдневно се блокираше на неколку часа, првично претпладне и попладне, а во изминатиот период само во попладневните часови.

Според АНА-МПА во текот на денот тракторите и земјоделските возила поставени на средината на коловозот ќе бидат тргнати и земјоделците ќе ги паркираат на левата и десната страна, со што целосно ќе се ослободат сообраќајните ленти и ќе се овозможи непречено минување на товарни возила, туристички автобуси и на патнички автомобили.

Сепак земјоделците ќе останат и планираат таму да ги поминат празниците, но без да се попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

Слична е ситуацијата и на Ники (Меџитлија) каде што земјоделците одлучиле до петок да не го блокираат сообраќајот.

Од друга страна, остануваат, барем во текот на денешниот ден, блокадите на граничните премини Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за товарни возила.

Во однос на блокадите низ цела Грција, целта на земјоделците во пресрет на Божиќ е да ги отворат автопатите за граѓаните непречено да стигнат до нивните дестинации, но без при тоа да ги повлечат целосно тракторите.

Нивниот план е тракторите да останат паркирани на крајот на автопатите, за што полицијата смета дека не е безбедно на таков начин да се одвива сообраќајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation