Background

Одмаздничките царини на Канада ги преполнија магацините

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Jапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“ објави дека го запира производството во главната фабриката за виски бурбон „Џим Бим“ во американскиот град Кентаки во текот на целата следна година.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата соопшти дека периодот ќе „го искористи да инвестира во подобрувања на фабриката“ во услови на голема неизвесност  поради намалената продажба во Канада и  неизвесноста поради трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

Другите објекти на „Џим Бим“ низ САД вклучувајќи ги посебната дестилерија и објекти за флаширање и складирање, ќе продолжат да работат следната година. Центарот за посетители во Кентаки, исто така, останува отворен.

Од „Џим Бим“ каде работат 1.000 луѓе изјавија дека работниците ќе бидат на одмор додека е запрено производството.

Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA), трговско тело, соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно високо ниво од повеќе од 16 милиони барели.

Американските дестилерии се соочија со одмазднички увозни даноци на нивната стока откако Трамп воведе царини за повеќето земји низ светот во април.

Трговските тензии меѓу САД и Канада, исто така, влијаеја на продажбата на алкохол, при што повеќето канадски провинции ги бојкотираат американските жестоки пијалоци претходно оваа година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation