Background

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска, едногласно, како единствен предложен кандидат, била избрана за вршител на должност Републички јавен обвинител, на денешнат седница на Советот на јавни обвинители

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска, едногласно, како единствен предложен кандидат, била избрана за вршител на должност Републички јавен обвинител, на денешнат седница на Советот на јавни обвинители , на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела даде оставка, непосредно пред да биде разрешен во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во Обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

Во рамки на Јавното обвинителство, Тополова-Исајловска веќе неколку години раководи со одделението за меѓународна правна помош. Со изборот за в.д. државен јавен обвинител, Тополова-Исајловска доаѓа на функција што има клучна улога во функционирањето на обвинителскиот систем, во период кога јавноста со засилен интерес ја следи работата, независноста и отчетноста на правосудните институции во државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖