Background

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Измените на Законот за странци нов доказ за вистината.
Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата.
Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот.
Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува.
Денеска ќе објавиме нов доказ. Па граѓаните сами нека заклучат кој ја говори вистината, дали и што е договорено.
ДПМНЕ-ЗНАМ во септември оваа година изгласала измени на Законот за странци.
Што е клучно во овие измени?
Олеснување на постапките за добивање на дозвола за привремен престој на странец по основ на вработување и, внимавајте, особено за оне кои работат на стратешки проекти и доколку има стратешки партер.
Клучни се членовите кои се изменети, Член 83, Член 85, Член 86 и член 90.
Во член 83 се воведуваваат неколку „исклучоци“ со кои полесно ќе се добива дозвола за странец односно економски работници кои работат на стратешки проекти и со стратешки партнер.
Став 1. Цитирам: По исклучок, привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Република Северна Македонија, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата.
Став 3: „За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот, ја издава Министерството за економија и труд.“
Дали има стратешки проекти и стратешки партнер? Да. На кого се однесува ова олеснување? На сите им е јасно.
Одиме понатаму
Член 85, став 5: „Од одребите исклучок привремен престој заради вработување се одобрува со приложување само на Договор за работа и образложение за потребата на работното место“
Дали ова значи ново олеснување кое ги остранува сите други докуметнти? Да. За кого? Сетаме дека на сите им е јасно.
Во член 90 став 9 се воведува нов исклучок со кој се зголемива временскиот период а пресој во Македонија кој може да биде со децении.
„По исклучок од одредбите на овој член, странец ангажиран во правен субјект со статус на стратешки партнер може да биде упатен на работа во Република Северна Македонија во периодот на имплементирање на проектот, но не подолго од една година, со можност за продолжување на привремениот престој.”.
Дали ова значи дека периодот на имплментација на проектот може да биде десетици години? Да ако е за голем проект како желеница.
Дали ова значи дека може и после тие години да се продолжува рокот? Да.
Почитувани граѓани.
За кого се овие измени?
Мислам дека на сите ни е добро јасно. Затоа сакаат да ни забранат да го изговараме зборот.
Вистината е на виделина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation