Топ Вести - Слушај сега
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.
Амбасадорот и градоначалникот разговараа за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското Езеро.
Градоначалникот го информираше амбасадорот за начинот на функционирање на туристичкиот сектор во Охрид и подготовката на новата Стратегија за развој на туризмот, која ќе придонесе за поквалитетен туристички производ во иднина.
Тема на разговор беше и реализацијата на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ, во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, кој е по потекло од Охрид, а живеел и работел во Париз.
Се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид, при што градоначалникот Пецаков ја истакна отвореноста на Локалната самоуправа за унапредување на соработката со француската амбасада во текот на наредниот период.
Tagged as:
ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТОФ ЛЕ РИГОЛЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
