Предновогодишна програма на Дом на култура „Драги Тозија“ Ресен, исполнета со уметност, креативност и детска радост
Топ Вести - Слушај сега

Со радост ја најавуваме предновогодишната програма на Дом на култура „Драги Тозија“ Ресен, исполнета со уметност, креативност и детска радост.
Во текот на наредните денови, публиката ќе има можност да ужива во изложба, детска ликовна едукативна работилница, промоција на книги, концерт на класична музика, како и во весела детска новогодишна театарска претстава, во изведба на членовите на аматерското драмско студио „Престиж“, при Дом на култура „Драги Тозија“.

18.12.2025 година- фоаје на Дом на култура- 18.00 часот, изложба на Христина Хаџиева, насловена „Интимност- поблиску од здивот“


22.12.2025 година – фоаје на Дом на култура- 10.00 часот, детска новогодишна ликовна работилница со Христина Башевски

и 18.00 часот, промоција на книги на авторот Зоран Милошевски


23.12.2025 година – фоаје на Дом на култура- 18.00 часот, концерт на класична музика, со децата од школата за пијано на Гоце Милошевски


25.12.2025 година – кино сала, Ресен – 10.30 часот, 13.00 часот и 18.00 часот, детска новогодишна театарска претстава „Кога Гринч ја украде Новата година“, драмско студио „Престиж“

Влезот е слободен за сите настани.

Ве покануваме заедно да ја почувствуваме магијата на новогодишните празници преку пишаниот збор, уметноста, музиката и детската радост.