Background

Светот се обедини, над 43.000 луѓе донираа за Ахмед

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Ахмед ал Ахмед, кој беше прогласен за херој откако за време на масовното пукање на плажата Бонди во Австралија му ја грабнал пушката на еден од напаѓачите, доби чек во вредност од повеќе од 1,65 милиони американски долари, односно 2,53 милиони австралиски долари. Средствата се собрани преку донации од десетици илјади луѓе од целиот свет, јавува агенцијата Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image

Ал Ахмед се криел зад паркирани автомобили, по што се нафрлил одзади врз еден од вооружените напаѓачи, му го одзел пиштолот и го соборил на земја. При инцидентот, тој се здобил со прострелни рани, откако, како што се наведува, бил застрелан од вториот напаѓач. Во моментов се опоравува во болница, каде што му била извршена операција.

Огромниот чек му бил врачен директно во болничкиот кревет од Закери Дерењовски, инфлуенсер на социјалните мрежи и коорганизатор на кампањата на „GoFundMe“. На таткото на две деца му бил предаден чек во износ од точно 2.533.585 австралиски долари.

Во хуманитарната акција учествувале повеќе од 43.000 донатори од целиот свет, меѓу кои и милијардерот и менаџер на хеџ фонд, Бил Акман, кој донирал 99.999 австралиски долари. Ахмед во болница бил посетен и од австралискиот премиер, како и од премиерот на сојузната држава, кои лично му оддале признание за неговата храброст.

При врачувањето на чекот, Ахмед скромно прашал: „Дали го заслужувам ова?“, на што Дерењовски му одговорил: „Секој денар“.

На прашањето што би им порачал на луѓето кои донирале, Ахмед изјави:
„Ајде да застанеме заедно, сите човечки суштества. Да ги заборавиме лошите работи и да продолжиме да спасуваме животи. Кога спасував луѓе, го правев тоа од срце. Беше прекрасен ден, сите уживаа – со своите деца, жени, мажи, тинејџери. Сите беа среќни и заслужуваат да уживаат“, рече тој, кревајќи ја неповредената тупаница во воздух.

„Оваа земја е најдобрата земја во светот, но нема да стоиме настрана и да гледаме – доста е. Бог да ја благослови Австралија“, додаде Ахмед, без да открие што планира да направи со парите.

 

 

Кој е Ахмед ал Ахмед?

Ахмед ал Ахмед има 43 години и потекнува од северозападната сириска покраина Идлиб, која ја напуштил пред речиси 20 години во потрага по работа и подобар живот во Австралија.

Во нападот што се случи во неделата загинаа 15 лица, а десетици беа повредени, откако двајца вооружени напаѓачи отворија оган врз луѓето кои го славеа Ханука – еврејскиот фестивал на светлината, на една од најпопуларните плажи во земјата. Властите соопштија дека напаѓачите биле 50-годишен татко, кој бил застрелан од полицијата, и неговиот 24-годишен син, кој се наоѓа во критична состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation