Топ Вести - Слушај сега
Двајца возачи, еден од Кавадарци и еден од Битола, завршија во полициска станица откако беа фатени како управуваат возила под силно дејство на алкохол. Во Кавадарци, пијан возач предизвикал и сообраќајна незгода, удирајќи во паркирано возило во центарот на градот.
Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот, на крстосницата меѓу улиците Народен Фронт и Коле Подлешки. Според информациите од полицијата, 35-годишниот А.М. од Кавадарци, управувајќи „форд“ со велешки таблички, удрил во паркирано „сузуки“, сопственост на 55-годишен кавадарчанец.
При интервенцијата, полицајците утврдиле дека возачот бил во екстремно алкохолизирана состојба.– Кај возачот беше измерено присуство на 3,21 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш беше лишен од слобода – информираат од полицијата.
Неколку часа претходно, во Битола, полицијата привела уште еден пијан возач. На улицата Славко Лумбарко, при рутинска контрола, бил запрен 43-годишниот Г.Н., кој управувал „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.
Алкотестот покажал дека и тој бил под дејство на алкохол.
– Кај возачот е измерено 1,59 промили алкохол. Тој беше веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица – велат од СВР Битола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
