Background

СДСМ- АКТ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци.

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

АКТ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци.
Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО (https://micko.mk/)
47 различни пријави за само еден ден. Има и од различни општини, од Охрид, Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје
Македонија се крена против корупцијата и криминалот.
Сите овие информации, документи, докази, ќе бидат анализирани, документирани и ќе ја информираме јавноста за секој можен случај.
Блгодариме за поддршката, заедно сме во оваа борба против корупцијата и криминалот на влсата.
Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал, нови сомнителни милионски тендери.
Повторно истата шема.
Фирма со само тројца вработени за период од 2 месеци добива тендери од Владата на Христијан Мицкоски од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра.
Милионски суми, мал број на вработени, фаворити за тендери од власта на ДПМНЕ.
Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби.
За која фирма станува збор?
Сигмоид Гроуп ДООЕЛ Скопје, формирана пред само две години.
Од кого добива тендери?
Од Генеалниот секретаријат на Владата на Мицкоски и од СОЗР. Двете владини инстиуции, истите две вмешани и во преходните бомби кои ги објавивме.
И како и во првата бомба, повторно станува збор за IT опрема. Случајно нели?
Еве го првиот договор, со Министерството за финансии, склучен на 13.10.2025 година, вреден околу 60.000 евра.
Само после два дена, има нов договор, склучен на 15.10.2025, со Генералниот секретаријат на Владата, вреден: речиси милион евра (980 илјади евра).
И шест недели подоцна, на 01.12.2025, нов државен тендер, овојпат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76 илјади евра денари.
Каква милоионска експанзија за два месеци? 173% раст на добивка од тендери! Истите шеми повторно.
Па како е ова можно? Која е близната?
Дали причината за тоа е близината на сопственикот на фримата, извесен Ј. Јанкуловски, кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што е Христијан Мицкоски професор?
Ова ли е клучот за вретење милионски тендери од власта на ДПМНЕ? Близината со Мицкоски?
АКТ продолжува.
Работата не е завршена!

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation