Background

Директорот на средното училиште „Проф. Васил Златарски“ во Софија Александар Евтимов е уапсен вчера по пријава од родители дека поставил камери во тоалетите што ги користат ученичките и учениците

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Директорот на средното училиште „Проф. Васил Златарски“ во Софија Александар Евтимов е уапсен вчера по пријава од родители дека поставил камери во тоалетите што ги користат ученичките и учениците, јавуваат бугарските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Според првичните информации, во тоалетите биле поставени 20 камери, чии преноси биле насочени на компјутерот на директорот. Минијатурните камери наликувале на обични сензори за движење, па не можеле да бидат препознаени.

По веста дека директорот е уапсен поради поставување камери во тоалетите, ученици, родители и наставен кадар од училиштето синоќа се собраа на протест во училишниот двор.

Поставувањето камери во санитарни простории е грубо прекршување на Општата регулатива за заштита на личните податоци и Законот за заштита на личните податоци во Бугарија.

Директорот Евтимов бил назначен на функцијата во февруари лани, а претходно бил на раководни функции во училишта во Софија и во Софиската област. По веста за неговото апсење, се појавија голем број шпекулации за него, вклучително дека од најзначувањето за директор во училиштето, изрекол суспензии за 40 наставници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation