Топ Вести - Слушај сега
Деби Рајан (32) и Џош Дан (37) станаа родители за првпат. На социјалните мрежи, Дизниевата актерка позната од серијата „Jessie“ и тапанарот на бендот „Twenty One Pilots“ го објавија раѓањето на нивното прво дете со слатки фотографии. Бебето се родило дома, во када.
– Седевме под полната месечина – студена супермесечина – потсетувајќи се на животот како семејство од два члена и му кажавме на бебето што го носев дека сме подготвени да бидеме тројца – го опиша новата мајка на Инстаграм раѓањето на своето прво дете.
– Напладне, Феликс се роди под божиќни светла, со снег што паѓаше пред прозорецот на нашата спална соба, точно во рацете на нејзиниот татко.
Девојчето од 3,6 кг, кое беше претставено како Феликс Винтер Дан, го родила со помош на нејзиниот сопруг и тимот за породување, дома, во голема када на дување.
Снимката ја прикажува Деби Рајан како лежи во водата додека нејзиниот партнер ја држи.
Други слики го прикажуваат новороденчето како лежи во рацете на мама и тато, со сè уште затворени очи.
Во позадина може да се види празнично украсената и осветлена елка на семејството.
– Нејзината коса е свилена, а здивот ѝ мириса на сладолед од ванила. Добредојде на Земјата, мало месечево зракче. Те сакам засекогаш – пишува таа.
Гордиот татко, исто така, го сподели раѓањето на својата ќерка со обожавателите на својот Инстаграм профил.
– Бебето месечево зракче е тука. Таа е слатко девојче и ја сакам. Деби ја роди во нашата спална соба под светлината на полна месечина и снег надвор; Феликс пристигна директно во моите раце. Најкул нешто што некогаш сум го видел – вели тапанарот.
Деби Рајан и Џош Дан се во брак од 2019 година. Тие објавија во септември дека го очекуваат своето прво дете.
Дебора Ан Рајан е родена на 13 мај 1993 година. Таа е американска актерка, пејачка и текстописец. Почнала професионално да глуми на сцената на седумгодишна возраст, а подоцна била откриена за време на националното барање таленти на Disney Channel. Имала главни улоги во серијата The Suite Life on Deck (2008–2011), филмот 16 Wishes (2010), серијата Jessie (2011–2015) и филмот Radio Rebel (2012). Се појавила и во драмскиот филм What If… (2010), серијата Insatiable (2018–2019), комедиите The Opening Act (2020) и The Shortcomings (2023), трилерот Night Teeth (2021) и филмовите Jeff Baena’s Horse Girl (2020) и Spin Me Round (2022).
Рајан ја стекнала музичката слава придонесувајќи со вокали за саундтраците на нејзините проекти на Disney. Во 2013 година, таа го основала инди-рок бендот „The Never Ending“, со кој го издала „EP One“ (2014).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
