Топ Вести - Слушај сега
Наместо спортот да биде арена на витешка игра, навивачите на Пелистер „Шкембари” и дел од ракометните легенди го претворија во тотална улична некултура и аздисаност.
Навивачите на Пелистер-„Шкембари” по натпреварот во центарот на Охрид физички нападнале дете на 14 години. Според информациите, група од околу 50 навивачи најнапред му ја соблекле јакната и барале дали има дрес на охридските навивачи „Рибари”, за потоа да почнат да го маваат со боксови.
По налог на обвинител поведена е истрага за кривично дело „Напад на дете”. Се земаат записи од надзорните камери во центарот на Охрид при што ќе се покренат соодветни кривични пријави.
По завршувањето на ракометниот натпревар во Охрид дојде до сериозни инциденти, при што бил приведен ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков.
Според информациите од СВР Охрид, на 14 декември 2025 година околу 20:20 часот бил приведен Д.М. (33) од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. По завршувањето на натпреварот што се одиграл во спортската сала „Биљанини Извори”, при меѓусебното поздравување на играчите, Манасков физички го нападнал К.А., помошник-тренер на охридскиот ракометен клуб.
„По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава”, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Дополнително, според неофицијални информации, играчи на Пелистер по натпреварот ја демолирале соблекувалната во спортската сала, а „Шкембари” учествувале во физички пресметки со охриѓани во центарот на градот.
Полицијата работи на целосно расчистување на сите настани поврзани со инцидентите по натпреварот.
Tagged as:
Манасков Пелистер „Шкембари" физички нападнале дете
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
