Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“.
Како што информира директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, Јанева добила условен отпуст и во наредниот период ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, сè додека казната формално не ѝ истече.
„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјави Јовановски за СДК.
Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, при што во вкупната казна ѝ беше пресметано и времето поминато во притвор.
Случајот „Рекет“, кој ја потресе јавноста и правосудниот систем, ја вклучи и осудата на Бојан Јовановски – Боки 13, кој доби подолга затворска казна за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.
По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, додека дел од предметите што ги водеше СЈО продолжија во рамки на редовното обвинителство.
Во меѓувреме, Камчев во предметот „Империја“ призна вина и се спогоди со обвинителството, по што издржа пократка затворска казна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
