Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење на ЈП „Охридски Комуналец“.
Станува збор за електрична комунална машина – метачка со којашто ќе се чистат јавните површини во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид и дизел машина – метачка за чистење на останатите делови од градов.




























