Во рамки на проектот “Иницијатива за зелена и сина Преспа – зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација”, кој е финансиран од ЕУ, а чиј што носител е Македонското еколошко друштво, а Општина Ресен и НП Галичица се партнери во истиот, на ден 11.12.2025 година, во ОУ,,Славејко Арсов,, – с.Подмочани Ресен се одржа настан на тема “Интернационален ден на планините ”.
На настанот се изврши презентација за значењето и заштитата на планините , а исто така беше организирана и едукативна активност за присутните ученици.


























