Застрашувачко видео објавено од австралиските власти го прикажува моментот кога падобранец останал да виси илјадници метри во воздух, откако неговиот падобран се заглавил на опашката од авионот.
Несреќата се случила јужно од Кернс уште во септември, за време на каскадерска акција, но снимката е објавена дури сега, по завршување на истрагата на Австралиското биро за безбедност на транспортот.
Планираната формација на 16 падобранци на висина од 15.000 стапки (4.600 метри) се претворила во хорор само неколку секунди откако првиот учесник стигнал до излезот на авионот.
Објавеното видео покажува како резервниот падобран на падобранецот се активира неконтролирано, откако рачката за отворање се закачила за крилото. Падобранецот бил нагло повлечен наназад, удирајќи со нозете во авионот, додека портокаловиот падобран се завиткувал околу опашката.
Во метежот, тој удрил и во снимателот кој седел на работ од авионот и се подготвувал да скокне, принудувајќи го да падне во слободен пад. Бирото во извештајот не наведува имиња, возраст или пол на учесниците.
На видеото се гледа како падобранецот, видливо во шок, накратко ги става рацете на шлемот, додека виси над бездната. Со специјален нож ги пресекол заплетканите линии од резервниот падобран, ослободувајќи се од авионот. Потоа го активирал главниот падобран и безбедно слетал.
– Носењето безбедносен нож, иако не е задолжителен дел од опремата, може да спаси живот во случај на предвремено отворање на резервниот падобран – изјави главниот комесар Ангус Мичел.
Во инцидентот, опашката на авионот била „значително оштетена“, а пилотот имал ограничена контрола врз леталото. Иако испратил повик за помош, успеал безбедно да го приземји авионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
