Background

Водечките светски агенции лансираат глобална новинска услуга: „Ни треба сигурен, континуиран проток на информации“

Водечките меѓународни и независни новински агенции го лансираа проектот „Алијанса за вести за демократија“ (DNA), иновативна услуга за информации и систематско следење на демократските процеси, објавува германската новинска агенција dpa.

Услугата е специјално прилагодена на информативните потреби на меѓународните организации, невладините организации, тинк-тенковите, фондациите, владините агенции и корпорациите. Им овозможува на носителите на одлуки да го препознаат и анализираат напредокот на демократиите во развој, како и нивниот пад.

DNA е заеднички проект на француската агенција AFP, италијанската ANSA, канадската CP, германската dpa и британско-ирската PA Media. Американската агенција Associated Press обезбедува уредничка поддршка.

- Advertisement -
Ad image

Проектот моментално нуди новинска услуга на англиски јазик со извештаи и анализи, кои им се достапни на клиентите на веб-страницата democracy-news.org и преку билтени.

Питер Кропш, директор на агенцијата ДПА, изјави: „Алијансата за вести за демократија пополнува голема празнина со својата понуда. Таа празнина постои помеѓу дневните медиумски извештаи и долгорочниот циклус на објавување кога станува збор за истражување на политиката, општеството и демократијата. ДНА ќе продолжи да известува за случувањата во важни области како што се слободата на говорот и печатот, изборната ферност, родовата еднаквост и политичката корупција, дури и кога земјата моментално не е во центарот на медиумското известување“.

„На многу клиенти им е потребен сигурен, континуиран проток на информации за поединечни земји или цели светски региони“, додаде Кропш.

„ДНА ќе помогне да се обезбеди тој континуитет и ќе им овозможи на клиентите да донесуваат одлуки откако ќе бидат добро информирани, на пример во политички контакти или инвестиции“.

Новинската услуга на ДНА е придружена од образовната програма на Академијата ДНА. Искусни предавачи од агенциите што учествуваат во проектот заеднички ќе го споделат своето знаење за дезинформации, проверка на факти и новинарска работа во тешки услови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖