Background

Истекува рокот за кандидирање на повторените избори во четири општини

Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите.

Официјално, рокот за поднесување на листите завршува на 11 декември, до 24:00 часот, односно 30 дена пред денот на одржување на изборите, закажани за 11 јануари 2026 година (недела). Општинските изборни комисии треба да извршат проверка на поднесените листи во рок од 24 часа од приемот на листата.

Изборите за градоначалници ќе се повторат во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Општина Маврово-Ростуша. Во овие четири општини владата именуваше свои повереници, со в.д. мандат до изборот на градоначалници на повторените избори. Именувани се Аријан Ибраим за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште, Фадил Џелили за Гостивар и Онер Јакупоски за Маврово и Ростуше.

- Advertisement -
Ad image

Според ДИК, досега не е поднесена ниту една независна кандидатура за градоначалник на Општина Центар Жупа, за кои рокот истече синоќа на полноќ, така што на повторените избори во таа општина нема да има независни кандидати. До вчера попладне во ДИК не беше пристигната ниту една кандидатура од политичките партии за Центар Жупа, но теоретски партиите можат да поднесат кандидатура до 24:00 вечерва.

Засега своите кандидатури за повторните избори за градоначалник на Гостивар ја објавија кандидатите Невзат Бејта и Ваљбон Лимани.

Невзат Бејта на повторените избори ќе го бара третиот мандат за градоначалник на Гостивар. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и соопшти дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди.

Ваљбон Лимани, кој ја има поддршката од коалицијата Националната Алијанса за Интеграција, предвoдена од ДУИ, вчера официјално ја поднесе својата кандидатура. Зборувајќи пред новинарите Лимани рече дека е уверен во својата победа и дека неговата кампања ќе се фокусира на директни средби со граѓаните. Лимани на првиот круг од локалните избори во октомври не успеа да победи бидејќи му недостигаа 23 гласа за цензус.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation