Background

Три деца на возраст од 12 и 13 години лани претрпеле тешки повреди на рацете, со ампутации на прсти како резултат на експлозија на петарди

Три деца на возраст од 12 и 13 години лани претрпеле тешки повреди на рацете, со ампутации на прсти како резултат на експлозија на петарди.

Се намалува бројот на средношколски деца со повреди, но за жал сѐ уште се регистрираат повреди кај деца под 14 години.

Ова беше кажано во телевизиско гостување на началникот на Секторот за полициски работи од општа надлежност, Билјана Сарагинова Панчевска и директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Георгиевска Павловска кои истакнаа дека употребата на петарди претставува сериозен ризик по здравјето, особено кај децата и малолетниците.

- Advertisement -
Ad image

Доктор Георгиевска Павловска посочи дека секоја година се регистрираат тешки повреди кои често доведуваат до трајни последици.

Сарагинова Панчевска истакна дека МВР постојано потсетува дека продажбата и употребата на пиротехнички средства е законски строго регулирана и дека за прекршителите се предвидени значителни парични казни. Таа апелираше и до трговците е да се воздржат од нелегална продажба, како и до родителите да внимаваат на активностите на малолетните лица.

Превентивните активности на МВР, кои се реализираат во училиштата низ државата, продолжуваат и оваа година. Преку едукативни презентации, реални примери од лекарската пракса и заеднички настап со медицински експерти, целта е да се подигне свеста кај најмладите за сериозноста на ризиците што ги носат петардите.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните празничниот период да го поминат мирно, безбедно и достоинствено — без употреба на пиротехнички средства кои можат да предизвикаат трајни повреди, пожари или нарушување на јавниот ред и мир. Безбедноста на децата и здравјето на сите граѓани остануваат врвен приоритет.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, ја интензивира превентивната кампања за подигање на јавната свест за опасностите од користење петарди и други пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation