Американците обвинети дека се пирати на Карибите

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американските сили заплениле огромен танкер под санкции покрај брегот на Венецуела, што предизвикало жестока реакција во Каракас. Владата соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство „со апсолутна решителност“, најавувајќи жалба пред меѓународните институции.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци, пирати“ и саркастично се повика на филмот „Пиратите од Карибите“.

– Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море – рече Кабељо.

 

 

Претседателот Доналд Трамп потврди дека акцијата е изведена синоќа, додавајќи дека „САД заплениле многу голем танкер, најголем досега“. Јавната обвинителка Пем Бонди изјави дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, и дека операцијата била заедничка акција на ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража.

– Ова е меѓународно пиратство. Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија – рече претседателот Николас Мадуро.

Запрашан што ќе се случи со запленетата нафта, Трамп одговори:

– Мислам дека ќе ја задржиме.

- Advertisement -
Ad image

Снимките објавени од американските служби прикажале два воени хеликоптера како лебдат над голем брод, додека вооружени војници се спуштаат на палубата со јажиња. Во акцијата, според воени извори, учествувале десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици кои полетале од воениот брод „Џералд Форд“, распоредeн во Карибите минатиот месец.

Компанијата за поморски ризици „Вангард“ го идентификувала бродот како „Скипер“, кој според нејзините податоци долго време ја лажирал својата позиција. Министерството за финансии на САД го ставило под санкции уште во 2022 година за наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта кој генерирал приходи за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Американските власти не откриле каде точно се случила заплената, но ова е првиот случај на заплена на венецуелска нафта од 2019 година, кога беа воведени санкциите против Каракас.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article