Background

Австралија почна да ја враќа контролата врз гигантите на социјалните медиуми со нови закони што им забрануваат на децата под 16 години да ги користат платформите

Австралија почна да ја враќа контролата врз гигантите на социјалните медиуми со нови закони што им забрануваат на децата под 16 години да ги користат платформите, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе.

– Ова се случува првпат во светот. Австралија покажува дека е доста. Станува збор за тоа нашите семејства да ја вратат контролата, рече Албанезе во говорот по повод стапувањето во сила на ограничувањата.

Американската компанија Мета предупреди дека забраната на Австралија за лица под 16 години кои користат социјални медиуми ќе ги турка младите луѓе кон помалку регулирани и затоа помалку безбедни платформи.

- Advertisement -
Ad image

„Постојано изразуваме загриженост дека овој лошо замислен закон би можел да ги турка тинејџерите кон помалку регулирани платформи или апликации. Сега гледаме дека тие загрижености стануваат реалност“, се вели во соопштението на компанијата.

Апликациите Lemon8 и Yope, кои моментално не се засегнати од забраната, се искачуваат на листите за преземање апликации во Австралија.

Мета рече дека многу апликации не нудат исти безбедносни карактеристики како нејзините, како што се оние за тинејџерски сметки. „Ќе ги почитуваме нашите законски обврски, но остануваме загрижени дека овој закон ќе ја ослабне безбедноста на младите луѓе“, соопшти компанијата.

Илон Маск, сопственикот на Икс, денеска изјави дека неговата група ќе се придржува до забраната.

„Ова не е наш избор – тоа е пропишано со австралискиот закон“, рече тој во изјава откако мерката стапи на сила.

Икс е последната од десетте засегнати мрежи што се обврза на новото законодавство. Тука спаѓаат Фејсбук, Јутјуб и ТикТок.

Целта на мерката е да се заштитат децата под 16 години од вознемирување и од алгоритми кои, според австралиските власти, ги изложуваат на насилна и сексуална содржина.

Според новото законодавство, оние компании кои не го исклучуваат пристапот до нивните мрежи за деца под 16 години ќе мора да платат казна од 33 милиони американски долари.

Пилот-иницијативата генерира голем интерес низ целиот свет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation