Зеленски со Стармер, Макрон и Мерц бара начин да ја запрат војната

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Даунинг стрит, каде што започнаа кризнични разговори со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Средбата, што се одржува зад затворени врати, е дел од засилените меѓународни напори за креирање рамка за можен прекин на војната со Русија.

Стармер, како домаќин на преговорите, нагласи дека секој мировен договор мора да обезбеди „цврсти“ и трајни безбедносни гаранции за Украина, со цел да се спречи Москва повторно да ја започне агресијата. Тој и Макрон ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, група држави подготвени да го поддржат Киев и по евентуален договор, при што Обединетото Кралство веќе изрази подготвеност да испрати воени сили како дел од гаранциите.

– Ќе имаме приватни разговори со претседателот Зеленски, канцеларот Мерц и претседателот Макрон, каде ќе ги разгледаме сите аспекти на планот – изјави Стармер пред средбата, потсетувајќи дека конфликтот трае речиси четири години и дека Русија е агресорот.

– Украина плати огромна цена за војна што не ја започна, а Путин не ги почитува договорите без силни гаранции – додаде тој.

Преговорите уследија по новата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го обвини Зеленски дека не го прочитал најновиот мировен план, изразувајќи „мало разочарување“. Трамп истовремено тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин е „задоволен“ од предложената рамка.

И покрај критиките од Белата куќа дека европските лидери имаат „нереални очекувања“, Стармер му оддаде признание на Трамп за зголемените дипломатски напори во последните недели.

Во меѓувреме, руските напади врз Украина продолжуваат. Најмалку четири лица загинаа во вчерашните удари со дронови и ракети, а Москва и понатаму ја таргетира енергетската инфраструктура, користејќи ја зимата како „оружје“ и оставајќи цивили без греење и струја.

Средбата во Лондон се случува и по објавувањето на новата стратегија за национална безбедност на САД, која како приоритет ја наведува нормализацијата на односите со Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека стратегијата во голем дел се совпаѓа со визијата на Руската Федерација.

Share This Article