Полицијата во Струга утрово заплени голема количина марихуана и приведе 46-годишен државјанин на Албанија, откако во возило што го управувал биле пронајдени 62 паковки дрога спакувани во три торби. Акцијата е извршена на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на селото Франгово.
Според информациите од МВР, случајот бил откриен околу 07:05 часот кога полициски службеници од Полициската станица Франгово при Регионалниот центар за гранични работи Запад го запреле патничкото возило „опел зафира“ со струшки регистарски таблички, управувано од А.Т.(46) од Поградец, Албанија.
При деталниот преглед биле пронајдени три торби во кои имало вкупно 62 паковки со марихуана. Дрогата веднаш е одземена, а за случајот бил известен јавен обвинител.Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од ОВР Струга информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



























