Со поклон пред моштите на Светителот и просветител во манастирот Свети Климент и Пантелејмон утрово продолжија чествувањата за Св. Климент – Охридски заштитник на градот Охрид.
Свежо цвеќе пред споменикот на Великанот беше положено во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“
Точно напладне градоначалникот Кирил Пецаков, претставници од дипломатскиот кор во државава, пратеници во Собранието на Р. Македонија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава положија цвеќе пред монументалниот споменик на „Св. Климент Охридски“ на градскиот плоштад.



















































