Министерот за култура и туризам Љутков во свое интервју за државната агенција МИА претстави амбициозна визија за развој на македонскиот туризам, нагласувајќи дека клучната цел е создавање на одржлив туристички модел што ги задржува гостите два-три дена. Според него, вистинскиот развој се случува кога туристот останува подолго, доживува повеќе, троши локално и станува дел од економскиот и културниот живот на заедницата.
Љутков истакна дека културата е основата на туризмот, посочувајќи на впечатливи локации, музеи, археолошки и духовни маршрути, уметнички програми и локални приказни. Тој вели дека македонскиот бренд треба да биде видлив по сите патишта и туристички топоними, од Стоби до винариите во Неготино и Кавадарци, Велес, Градско и Демир Капија, со промотивни табли што ја истакнуваат Македонија уште пред границата со Србија.
Министерот зборуваше и за содржина прилагодена за сите генерации – интерактивни тури, дегустации, работилници, фестивали и улични перформанси, поддржани преку дигитални алатки. Според него, туристот треба да ја почувствува душата на Македонија, да доживее впечатливи моменти и да сака да се врати.
Меѓутоа, зад овие визионерски зборови се крие суровата реалност – за да постои успешна туристичка приказна, потребна е успешна инфраструктурна основа, која Македонија едноставно не ја има. Патиштата кон клучните туристички дестинации се во лоша состојба, недостасува соодветна сигнализација, а основните услови за прием на туристи на многу локации се далеку од европските стандарди.
Прашањата кои министерот ги избегнува се многубројни и болни: Како се делат субвенциите? Кој криминал постои во овој сегмент? Како се исплакаа субвенции во милиони евра на туристичка агенција за деца до седум години? Токму овие прашања ја откриваат вистинската слика – слика на систем во кој недостасува транспарентност, а постои сомнеж за злоупотреби.
Особено контроверзен е случајот со субвенциите исплатени на туристичка агенција за деца до седум години, каде се работи за милиони евра од буџетот. Наместо инвестиции во инфраструктура, патишта, музеи и археолошки локалитети, парите завршуваат во прашања кои побудуваат сомнежи за злоупотреба на јавните средства.
Додека Љутков зборува за дигитални алатки и брендирање, основните проблеми остануваат нерешени. Како ќе дојдат туристи до винариите во Неготино и Кавадарци кога патиштата се лоши? Како ќе останат два-три дена кога недостасува квалитетна сместување и услуги? Како ќе се чувствуваат безбедно и добредојдени кога на терен наидуваат на несоодветни услови?
Министерот Љутков очигледно залутал во сопствената визија, заборавајќи дека туризмот не се гради само на ветувања и маркетинг кампањи, туку на реална инфраструктура, транспарентност во трошењето на јавните средства и искорeнување на корупцијата која го јаде системот однатре.
Tagged as:
Љутков со залутани визии за туризам но без инфраструктура: Каде залута министерот?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
