Background

Елон Маск остро ја нападна Унијата која го казни со 120 милиони евра

Илон Маск денеска ја нападна Европската Унија, откако Европската комисија изрече голема казна за неговата платформа за социјални медиуми Х.

– ЕУ треба да се укине и суверенитетот да се врати на поединечните земји, за владите подобро да можат да го претставуваат својот народ, напиша Маск на Х. „Бирократијата на ЕУ полека ја задушува Европа до смрт“, додаде американскиот милијардер.

ЕУ вчера го казни X со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата.

- Advertisement -
Ad image

Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.

Казната предизвика критики и од американскиот државен секретар Марко Рубио.

– Казната од 140 милиони долари на Европската комисија не е само напад врз Х, тоа е напад врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ од страна на странски влади, објави тој вчера на Х.

Маск не кажа дали ќе покрене правна постапка против одлуката на Комисијата. Но, тој ја прикачи објавата на врвот на неговиот профил на Х, што значи дека тоа е првото нешто што посетителите го гледаат на страницата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation