При спроведување на акцијата за зголемена контрола на сообраќајот, припадници на српското МВР го пресретнале М.В.(26), кој управувал „порше“ со брзина од 233,2 километри на час. Возачот е запрен на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на аеросромот Сурчин, на делот од патот каде што брзината е ограничена на 130 километри на час. Српската полиција го сподели видеото на службената полициска камера, која го сними возилото.
Неодамна камерите на Безбеденн град на скопската обиколница снимија возило кое се движело со брзина од 231 километар на час.



























