На социјалните мрежи се појави видео од возач на автомобил БМВ кој бил вмешан во тежок судир на тнр. Обреновачки пункт во Србија, денеска изутрина.
Возачот на БМВ, со цигара во рака и траги од крв на облеката, на прашањето на снимателот „Што направи?“, одговорил:
„Не знам, ме удри камион. Многу силно.“
Според страницата „Србија Сад“, возачот на БМВ возел агресивно, менувајќи ленти лево и десно и речиси предизвикал несреќа во неколку наврати.
„На крајот, го удрил камионот, а потоа наводно дури и се фалел со тоа. Несреќата се случила утрово околу 6 часот наутро“, се наведува.
Според полицијата, еден маж (46) е тешко повреден и пренесен во Ургентниот центар, додека возачот на камионот (38) има повреда на раката и одбил транспорт до болница.
Предниот дел од камионот е делумно оштетен, додека на автомобилот е предизвикана голема материјална штета, кој од силата на ударот се завртел, додека предниот дел од возилото е згмечен.
Tagged as:
ВОЗЕШЕ ЛУДО ПА ИЗЛЕЗЕ ДА ЗАПАЛИ ЦИГАРА Погледнете како се оправда СЕ ЗАБИ ВО КАМИОН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
