Background

Како првиот човек на НАТО гледа на шансите за мир во Украина

Постои само еден човек во целиот свет што може да го надмине ќорсокакот кога станува збор за војната во Украина, а тоа е американскиот претседател Доналд Трамп и тој го прави тоа, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата.

– Тоа е од клучно значење, бидејќи САД се далеку најголемиот сојузник во НАТО и најмоќна земја на светот. Но, постигнувањето на мирот не е права линија. Потребен е предлог на масата, дискусии. Тоа е пристап чекор по чекор, рече Руте.

Од тие причини, како што рече, тој не би сакал да му наштети на мировниот процес со давање коментари на секој меѓучекор во него, но нагласи дека НАТО е во постојан контакт со САД, со кои споделуваат иста цел за обезбедување мир и за заштита на суверенитетот на Украина.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, според Руте, иако сите сакаат крвопролевањето да заврши, додека преговорите продолжуваат, НАТО не смее да се поколеба во својата посветеност за поддршка на Украина.

– Нашата поддршка мора да продолжи со несмалена сила за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани денес и да спречи идни агресии, за нејзино добро и за наше добро, истакна Руте.

Тој потенцира дека Украина продолжува да покажува неверојатна отпорност, дури и кога рускиот претседател Владимир Путин верува дека може да успее, а дека дискусиите на денешниот состанок биле уште еден јасен знак дека тој греши. Руте истакна дека во моментов е клучно е да се осигури оти Украина го има оружјето што ѝ е потребно за да се бори во војната.

– Русија ја продолжува својата брутална војна против Украина, сè повеќе таргетирајќи ги нејзините луѓе и критичната инфраструктура како што се приближува зимата. Русија, исто така, демонстрира сè понеодговорно однесување кога станува збор за НАТО, како што е нарушување на нашиот воздушен простор, спроведување кибернапади и распоредување сателити за мапирање на подводната инфраструктура на сојузниците. Овие инциденти ја истакнаа потребата од непоколеблива будност, рече Руте,

Според него, токму затоа членките на НАТО значително се засилуваат, но треба да направат уште повеќе во иднина.

– Сојузниците во НАТО разговараа за повеќе вложувања, за зголемување на инвестициите во одбраната, за подобрување на производството и за зголемување на поддршката за Украина, додека се подготвуваме за следниот Самитот во Анкара следната година, рече Руте.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation