Background

Андоновски очекува секторот да ја помогне дигитализацијата на земјата

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, одлични и квалитетни кадри кои излегуваат од универзитетите. Сега е шанса да ги искористиме во приватниот сектор, за потоа тие да и помогнат на државата во дигиталната трансформација, порача денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по почетокот на конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality”.

Владата, како што изјави Андоновски, одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите.

– Продолжуваме со поддршка на приватниот сектор. Немаме агенција оперативно одговорна за дигитализација и затоа се потпревме на приватниот сектор во сите најкрупни проекти на државата, а потоа и во нивното одржување. Сега прашањето е како тоа да го надградиме, како да стигнеме до следното ниво – европски проекти во државата кои треба да бидат реализирани од македонски компании или македонски компании да бидат носители на тие проекти зашто тоа е начинот да донесеме и европски стандард и да ги поттикнеме домашните фирми да растат, но и администрацијата да ги следи. Вториот елемент на нашата домашна задача е државните институции да обезбедат доволно квалитетен кадар што ќе остане да ги води проектите во институциите. Мислам дека сме на добар пат и дека ќе имаме резултати – рече Андоновски.

- Advertisement -
Ad image

Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ИКТ индустријата учествува со 4,5% во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3.000 компании со над 25. 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2.500 евра.

– Очигледен е растот на на ИКТ секторот, а тоа го покажуваат и прелиминарните бројки за 2025 година. Македонските ИТ компании ги следат европските стандарди. Многу од нив кои се на ниво на европските, работат за странство, посебно за европските држави. Ги следиме трендовите во Европа, но и предизвиците. Сепак, ИТ секторот кај нас е во добра кондиција и секоја година бележи раст над 10 отсто – подвлече Димитровски.

Министерот Андоновски одговорајќи на новинарско прашање, потврди дека платите во приватниот сектор се подобри, но државата, напомена, нуди стабилност и таа симбиоза, како што оцени, може да донесе резултати.

– Има конкуренција во плати и државата никогаш нема да го стаса приватниот сектор исто како што приватниот сектор никогаш нема да ја стаса стабилноста на државата. Ние гледаме како нашите позиции во Министерството да бидат поатрактивни со конференции, обуки и патувања во странство, активности и креирање политики, додека приватниот сектор тоа повеќе го прави со мотивација преку плати. Таа симбиоза може да донесе резултати – рече Андоновски.

Конференцијата „Recode Reality” што ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) има преку 300 гости од земјава и регионот, како и говорници од врвот на ИКТ-индустријата во Европа. Тие денеска во Скопје разговараат за модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, како за реалните можности што ги отвора вештачката интелигенција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation