ОХРИД ДОМАЌИН НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОКАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во организација  на  локалната самоуправа денеска во Охрид се одржа работилница за Локална мобилизација  и Форум за Западен Балкан. Настаните се во рамки на проектот „RECIRCLE MED“, кој се имплементира  преку Европската програма INTERREG EURO MED.

На почетокот на случувањата пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстевска.

– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што нашиот убав Охрид како најважен и најголем  туристички центар во регионов и пошироко  овие два дена е  домаќин на  два крупни настани од област на туризмот,  Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан во рамки  на проектот  „RECIRCLE MED“, којшто се  имплементира преку Европската програма INTERREG EURO MED.Станува збор за ислучително важни  случувања во кои експерти од туристичката сфера ќе пренесуваат искуства и знаења со  заедничко обликување одржливи решенија во динамична и партиципативна средина. Со ова ги докажуваме нашите силни заложби за туристички развој на градов во склад со модерните барања и очекувања. Охрид е реномирана туристичка дестинација  и најпознат  балкански туристички бренд, Мека за гости и турст од цел Свет.   Познати сме по големото  искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Вие деновиве ќе расправате за важноста и значењетона RECIRCLE MED Blueprint проектот кој општина Охрид го имплементираше и преку кој работно се ангажираа неколку лица.  Преку презентации и ко-креативни сесии ќе прибирате информации и идеи кои директно ќе го обликуваат Синиот акциски план на Охрид за развој на кружен туризам.Преку  дискусии  на регионално ниво, со анализа на заедничките приоритети и потенцијалот за меѓусебна соработка меѓу земјите од Западен Балкан ќе реализирате две тематски панел-дискусии: „Предизвици и бариери на Западен Балкан кон син и кружен туризам“ и „Можности за заеднички иницијативи и потенцијални финансирања.Со стекнатите знаења вие дирекно ќе  допринесувате во олеснување на прилагодувањето и усвојувањето  на Планот за унапредување на синиот и циркуларниот туризам во областа, ќе  дефинирате   приоритети, и  дизајнираате  патеки за имплементација и  усвојување на политиките.    Вие ќе бидете креатори на новите туристички можности и потенцијали кои ќе не издигнат високо на туристичката мапа како најдобра и најпосакувана дестинација.Пред Вас се исполнети работни денови, нека бидат плодни и донесат важни заклучоци за туризмот. Секако работните  денови  заокружете ги со прошетка по убавиот Охрид, колевката на писменоста и културата, градот кој живее под тврдините на Самоиловото царство кој  што е сведок на игрите и танци на Античкиот тетара и кој има 365 цркви и манастоири за секој ден од годината. Во ноќите  гледајте ги ѕвездените одблесоци во чистите езерски води и уживајте во песната и музиката на Охридските чалгии- рече Крстевска.

Двата настани кои  се однесуваат на туристичката сфера завршуваат утре.  На Форумот ќе се одржат две тематски панел-дискусии: „Предизвици и бариери на Западен Балкан кон син и кружен туризам“ и „Можности за заеднички иницијативи и потенцијални финансирања.

 

Share This Article