Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ) в петок ќе поднесе барање за гласање недоверба за Владата на премиерот Росен Жељазков, соопшти во видеопорака на Фејсбук лидерот на ПП Асен Василев.
Тој најави дека следната недела, кога во Парламентот ќе се води расправата, ќе се одржи уште поголем протест, на кој опозицијата јасно ќе порача „Доста е“ и ќе повика да се даде „шанса за иднината на Бугарија“.
Василев им се заблагодари на сите кои учествуваа на вчерашниот протест, кој го нарече историски.
– Јасно кажавме што сакаме – Борисов и Пеевски да престанат да го крадат бугарскиот народ и иднината на нашите деца. За жал, тие одлучија да ја разорат државата – изјави Василев, пренесува БТА.
Тој додаде дека премиерот Росен Жељазков изјавил оти нема да поднесе оставка.
– Ќе им помогнеме – порача Василев.
ПП–ДБ претходно најавија дека ќе побараат оставка доколку кабинетот не се повлече оваа недела. Ова ќе биде шесто барање за гласање недоверба кон актуелната Влада.
EPA/BORISLAV TROSHEV
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
