Background

Маск смета дека царините на Трамп ги искривуваат пазарите

Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, изјави дека САД имале голема корист од индискиот талент, но предупреди дека некои компании ја злоупотребуваат програмата за визи H1-B.

Во подкаст со индискиот претприемач Никил Камат, Маск се осврна на царинската политика на Доналд Трамп, за која тврди дека „ги искривува пазарите“, објави CNBC.

Маск објасни како некои компании користеле визи H-1B за да вработат странски работници за „дел од цената на американски граѓанин“, додека неговите компании вработуваат странци за да го надоместат „недостатокот на талентирани луѓе“.

- Advertisement -
Ad image

Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми таксите за визи H-1B на 100.000 долари во септември, што непропорционално влијаеше на индиските работници кои сочинуваат повеќе од 70% од тие носители на визи.

– Секако не сум на мислење дека треба да ја прекинеме програмата H-1B – нагласи Маск, додавајќи дека тоа би било „многу лошо“.

Маск, чиј однос со американскиот претседател се подобрува по несогласувањата во мај, исто така изрази загриженост за царинската политика на американската администрација.

-Мислам дека генерално слободната трговија е подобра – рече Маск, објаснувајќи дека тарифите создаваат нарушувања на пазарите.

Тој, исто така, го постави прашањето: ако царинските давачки во одредени американски федерални држави би биле катастрофални за економијата, „тогаш зошто сакате царински давачки меѓу земјите?“.

Според Маск, „претседателот јасно стави до знаење дека му се допаѓаат тарифите“. Администрацијата на Трамп воведе тарифи за голем број земји, од кои некои успеаја да постигнат договор со САД за намалување на тарифите.

Во разговорот со Камат, Маск ја претстави и својата визија за иднината. Тој предвидува дека за помалку од 20 години работата ќе стане опционална, а концептот на пари ќе „исчезне“.

Според Маск, вистинската валута е енергијата.

– Затоа реков дека биткоинот се базира на енергија. Не можете да ја регулирате енергијата законски – објасни тој.

Неговите коментари доаѓаат во време кога биткоинот и другите криптовалути доживеаја остар пад на вредноста во последните два месеци поради влошувањето на расположението на инвеститорите кон дигиталното средство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation