Background

Потпишана петгодишна стратегија која ќе го смени здравствениот системот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Македонија и Светската здравствена организација отворија ново поглавје во здравствената политика. Денес беше потпишана петгодишната Стратегија за соработка во областа на здравството за периодот 2026–2030 година.

- Advertisement -
Ad image

Документот, кој треба да ги насочи сите клучни здравствени реформи до крајот на деценијата, го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу, премиерот Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во земјава. На настанот се обрати и директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, преку онлајн вклучување.

Министерот Алиу истакна дека со овој документ започнува најсеопфатната и најдолгорочна рамка за соработка со СЗО досега. Според него, стратегијата е создадена заедно со сите институции и партнери и ќе биде основа за реформи во неколку клучни области: модернизација на примарната здравствена заштита, целосна дигитална трансформација на системот, унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, како и климатска отпорност и еколошко здравје во согласност со зелената агенда на Владата.

Во документот се вклучени и мерки за заштита на ранливите групи, планирање на човечките ресурси во здравството, јавно здравје, здравствена безбедност и подобра подготовка за кризни состојби.

– Стратегијата ни овозможува јасен план, партнерство и поддршка за заедничко реализирање на клучните реформи – нагласи Алиу, додавајќи дека постигнатата меѓусекторска соработка е една од најважните придобивки.

Министерот се заблагодари на СЗО и сите ресори вклучени во подготовката, посочувајќи дека стратегијата го обединува целиот владин систем околу заедничката цел, подобро здравје и поголема благосостојба на населението.

– Со оваа стратегија го поставуваме темелот за посилно, помодерно и поправедно здравство. Ова е симболична потврда на силната политичка волја и партнерството меѓу Владата и СЗО за спроведување на клучните здравствени реформи – изјави Алиу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖