Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата. Во октомври нивниот бројот на годишно ниво е намален за 2,8 %, додека кумулативно за за периодот  јануари – октомври годинава во однос на истиот лански период бројот на работници се намалил за 3,6 %.

Овие го покажуваат последните податоци на Државниот за статистика, според кои, за една година октомври 2025 – октомври 2024 година бројот на работници во секторот рударство се намалил за 2,8 %, во  преработувачка индустрија за 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.

Во преработувачката индустрија најголем пад има во кожарската и текстилната индустрија како и во автомобилската индустрија.

Зголемување на бројот на работници има само во неколку сектори. И тука највисока раст на бројот на вработувања има во тутунската индустријата од 21,9 %. Седат индустриите за производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со зголемување од 4,1%, потоа производство на пијалаци  од 4% и индустријата за производство на производи од гума и производи од пластични маси  од 3%.

Под 3% раст на бројот на вработени има во секторот производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 2,7%, производство на метали од 2,3%, а под 2% раст на бројот на вработени има во секторите производство на електрична опрема 1,2% и Производство на фабрикувани метални  производи, освен машини и опрема 0,1%

1. Индекси на бројот на работниците во индустријата октомври 2025 година, (2024 = 100)
X 2025
X 2024
I-X 2025
I-X 2024
X 2025
Ø2024
X 2025
Ø2021
Вкупно 97.2 96.4 95.5 95.9
АЕ Енергија 97.9 97.5 97.0 90.9
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 99.7 99.9 99.3 90.6
ББ Капитални производи 94.4 92.6 92.1 122.6
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 104.6 111.3 110.0 123.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 96.9 95.5 94.0 82.5
Б Рударство и вадење на камен 97.2 97.8 96.3 95.9
    05 Вадење на јаглен и лигнит 95.8 95.4 94.1 93.6
    07 Вадење на руди на метал 98.6 99.2 98.0 101.0
    08 Вадење на други руди и камен 96.9 100.7 97.6 88.4
В Преработувачка индустрија 97.1 96.2 95.3 96.0
    10 Производство на прехранбени производи 99.6 99.0 99.2 91.0
    11 Производство на пијалаци 104.0 104.2 105.1 116.8
    12 Производство на тутунски производи 121.9 108.5 88.5 80.0
    13 Производство на текстил 96.4 94.9 94.8 91.7
    14 Производство на облека 92.5 90.8 88.3 66.8
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа 91.1 86.9 86.3 66.1
    16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
94.5 98.7 93.5 72.9
    17 Производство на хартија и производи од
хартија
97.1 98.7 98.2 86.9
    18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
93.5 94.3 94.2 84.6
    20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
101.2 102.8 102.2 112.0
    21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
101.2 104.5 103.1 123.1
    22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
103.0 103.9 104.7 94.6
    23 Производство на други неметални
минерални производи
98.9 99.2 98.8 87.1
    24 Производство на метали 102.3 100.9 102.0 88.9
    25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
100.1 98.3 98.7 81.7
    26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
102.7 102.0 105.4 109.5
    27 Производство на електрична опрема 101.2 103.0 102.0 100.2
    28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
104.1 115.8 113.3 133.4
    29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
93.1 90.2 89.8 124.9
    30 Производство на останата опрема за
транспорт
100.0 100.0 100.0 92.7
    31 Производство на мебел 95.4 98.1 95.6 86.3
    32 Останата производствена индустрија 100.6 100.6 100.5 89.2
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 96.6 99.7 96.6 105.3
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.0 98.6 98.5 94.0
    35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.0 98.6 98.5 94.0

 

Share This Article