Пејачот Мирко Перковиќ-Поки, кој е популарен меѓу хрватските иселеници, починал во Цирих по настапот на 15-тата Ливањска ноќ одржана во саботата, на 29 ноември, објавува Fenix-magazine.
Точните околности на смртта сѐ уште не се познати, а неговите пријатели рекле дека бил пронајден во хотелска соба во недела околу 11 часот наутро.
Велат дека Перковиќ се чувствувал лошо во текот на целата вечер, поради што морале порано да го прекинат настапот на Ливањската ноќ. Пријателите сакале да го однесат во болница, но тој одбил, убедувајќи ги дека му е потребен само одмор бидејќи бил дехидриран.
За жал, отишол во хотелската соба каде подоцна бил пронајден мртов.
Мирко Перковиќ Поки беше пејач и музичар од Ливно кој живеел и работел помеѓу Берлин и Минхен многу години. Тој се занимава со музика уште од основно училиште, свирејќи хармоника и клавијатури, и има повеќе од две децении музичко искуство зад себе.
Во текот на својата кариера, издал неколку албуми во соработка со регионални продуценти. Настапувал низ Европа и Канада и бил познат по својот широк репертоар кој вклучувал далматински песни, поп, рок и фолк музика.
Ќе биде запаметен како едноставен, или како што сакал да се нарекува себеси, „народен“ човек и музичар, посветен на квалитетен и автентичен музички израз, пишува Fenix-magazin.



























