Background

Четири лица загинале, а уште најмалку десет се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во градот Стоктон, во американската држава Калифорнија

Четири лица загинале, а уште најмалку десет се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во градот Стоктон, во американската држава Калифорнија.

Меѓу жртвите има и деца, потврди портпаролката на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин, Хедер Брент. Таа истакна дека првичните информации сугерираат дека станува збор за намерен напад. Нападот се случил непосредно пред 18 часот по локално време, јавија повеќе американски медиуми.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Сведоци изјавиле дека пукотницата избила во момент кога повеќе семејства се подготвувале за заедничка фотографија. Свечената сала се наоѓа во деловен комплекс во близина на центарот на градот.

Од друга страна, градоначалничката Кристина Фугаци со солзи во очите рече дека ваквите настани ја потресуваат заедницата.

– Семејствата треба да бидат заедно, не во болница. Наместо да се молат нивните најблиски да преживеат, тие треба да слават – нагласи таа.

 

 

На социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за тоа кон кого бил насочен нападот. Според една верзија, цел биле раперите од Стоктон, МБнел и Флај Бој Доги, а забавата наводно се одржала за роденденот на ќерката на Флај Бој Доги.

 

 

Притоа, властите информираа дека неколкумина од повредените се наоѓаат во критична состојба. Детективите работат на утврдување на мотивите, но засега не откриваат дали станува збор за личен конфликт или насилен чин поврзан со криминал.

Стоктон е град со околу 320.000 жители, лоциран на околу 65 километри јужно од Сакраменто. Градот е познат по сериозен пораст на вооружени инциденти во последните години, што дополнително ја зголемува загриженоста на локалните жители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation